Selling mobiles
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Podatoci za kompaniite koi kotiraat na berza

Go down

Podatoci za kompaniite koi kotiraat na berza Empty Podatoci za kompaniite koi kotiraat na berza

Post  Admin Fri Nov 23, 2012 8:42 am

Витаминка АД Прилеп

Витаминка АД Прилеп е компанија која работи во прехрамбената производствена индустрија. Широката палета на производи на компанијата вклучува производство на: производи за ужина, чоколадни производи, слатки, бонбони, пудинзи, сладоледи во прав, шлаг-крем, пастеризирани производи, кечап и мајонез, супи и сосови и други додатоци за храна. Исто така нивната понуда вклучува и инстант производи, сирупи и филтер чаеви. Централата на Витаминка АД Прилеп се наоѓа во Прилеп, Македонија.



Издадени акции

- обични: 80.980

- приоритетни: 0

Вкупно: 80.980

Admin
Admin

Posts : 22
Join date : 2012-11-21

https://sestosakas.board-directory.net

Back to top Go down

Podatoci za kompaniite koi kotiraat na berza Empty Re: Podatoci za kompaniite koi kotiraat na berza

Post  Admin Fri Nov 23, 2012 8:46 am

Alkaloid se zanimava so proizvodstvo na lekovi,kosmetika,bilkarstvo i hemija.
Придобивки

КОНКУРЕНТНА ОСНОВНА ПЛАТА
Нашата политика за надоместоци се базира на неколку концепти: конкурентна, мотивирачка, навремена и транспарентна. Принципите кои се користат за одредување на понудената плата служат за да го признаат вашиот придонес и да го стимулираат вашето работење. Тие предвидуваат можност за зголемени награди во иднина, зависно од резултатите, напредок во кариерата и успех на бизнисот во целост.

РАБОТА/ЖИВОТ БАЛАНС
Ние разбираме дека нашите вработени имаат активности и одговорности и надвор од работното место. Сакаме нашите вработени да работат на начин кој ја подржува Компанијата, но и нивните лични животи исто така. Ова е причината зошто одржуваме конзистентност во работните часови, но исто така очекуваме вработените да посветат време и напор кога одредени прилики го бараат истото за успехот на бизнисот.

ВО ДОПОЛНЕНИЕ
Ние го нудиме и следното:
тимска работа;
работна атмосфера која мотивира;
современо дизајнирано работно место со најсовремени лаборатории и производствени капацитети;
високи стандарди за здравствена заштита.
УПРАВЕН ОДБОР

• Живко Мукаетов
• Цветанка Симоновска
• Милкица Глигорова
• Ѓорѓи Јованов
• Кире Ицев
НАДЗОРЕН ОДБОР

• Проф. Др. Миодраг Мицајков
• Проф. др. Илија Џонов
• Бојанчо Кралевски

Admin
Admin

Posts : 22
Join date : 2012-11-21

https://sestosakas.board-directory.net

Back to top Go down

Podatoci za kompaniite koi kotiraat na berza Empty Fersped ad Skopje

Post  Admin Fri Nov 23, 2012 8:48 am

очетоците на работењето на ФЕРШПЕД датираат од 1968 година, кога во рамките на Железниците на Македонија заради извршување на шпедитерски услуги во внатрешниот и меѓународниот транспорт формирана е самостојна работна единица ФЕРШПЕД.
По многуте промени на законските одредби, структурните рамки, системските решенија, интеграциони и транзициони процеси во земјата, Фершпед го добива својот конечен лик на целосно приватизирана компанија во 1995 година.
Полниот наслов на фирмата е:

ДРУШТВО ЗА МЕЃУНАРОДНА И ВНАТРЕШНА ШПЕДИЦИЈА СО ЈАВНИ И ЦАРИНСКИ СКЛАДИШТА


Услугите на компанијата се од областа на транспорт, шпедиција, царинење, складиштење и нив ги користат најголемите претпријатија во Република Македонија, како и фирми од балканските земји, западна и источна Европа. Низ годините на нашето постоење бевме сведоци и директни учесници во градењето на некои од позначајните индустриски објекти и коплекси во Македонија ( проектите ФЕНИ, ТЕЦ Неготино и сл.).
Освен со шпедиција како основна дејност, компанијата се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство, игри на среќа преку купување акции во тие дејности од стопанството.
УПРАВЕН ОДБОР

Штерјо Наков - Претседател на Управниот одбор на ФЕРШПЕД, а наедно и генерален директор. Роден 1948 година, дипломиран економист, во ФЕРШПЕД од 1983 година.

Кираца Трајковска - Заменик претседател на Управниот одбор на ФЕРШПЕД, заменик генерален директор. Родена е 1953 година, дипломиран економист, во ФЕРШПЕД од 1985 година.

Зоран Тодоровски - Член на Управниот одбор. Роден 1952 година, дипломиран економист, во ФЕРШПЕД од 1977 година.

Виолета Татабитовска - Член на Управниот одбор. Родена 1953 година, дипломиран инженер технолог, во ФЕРШПЕД од 1985 година .

Невенка Ристовска - Член на Управниот одбор. Родена 1958 година, дипломиран правник, во ФЕРШПЕД од 1985 година.

Цаца Зикова - Член на Управниот одбор. Родена 1960 година, дипломиран економист, во ФЕРШПЕД од 1986 година.

НАДЗОРЕН ОДБОР


Стојан Настовски - Претседател на Надзорен одбор. Роден 1949 година, дипломиран економист, во ФЕРШПЕД од 1985 година.



Тодор Трпчевски - член. Роден 1948 година, дипломиран правник, во ФЕРШПЕД од 1984.



Ангел Најдовски - член. Роден 1946 година, дипломиран економист, во ФЕРШПЕД од 1989 година.



Митко Димов - независен член, Генерален извршен директор на Лотарија на Македонија АД Скопје. Дипломиран економист, роден 1959 година.



Леонид Наков - независен член, асистент на Економски факултет при Универзитет Кирил и Методиј Скопје. Доцент на економски науки од областа на менаџментот. Роден 1975 година.
Основни податоци за капиталот и правата на акционерите

Акционерскиот капитал на Фершпед АД Скопје се состои од 18.113 обични акции.Обичните акции на Фершпед АД Скопје котираат и со нив се тргува на Официјалниот пазар на Македонската берза.

Акции на Фершпед АД Обични акции
Издавач Фершпед АД
Индустрија услуги
Број на издадени акции 18.113
Номинална вредност по акција 37.400 денари
Вкупен износ на основна главнина 677.426.200 денари
Меѓународен идентификационен број
на акциите –ISIN MKFERS101018
Права на глас едно право на глас по акција

Акциите согласно Законот за трговски друштва се слободно преносливи. Како акционери се сметаат сите лица запишани во акционерската книга, која согласно законската регулатива се води во Централниот депозитар за хартии од вредност. Акционерите по еднакви услови имаат еднаква положба во Друштвото. Секој акционер има право на глас во Собранието на Друштвото, право на исплата на делот од добивката во вид на дивиденда и во случај на стечај или ликвидација на Друштвото, дава право на сразмерно учество во поделбата на стечајната, односно ликвидационата маса.

Структура на акционери

Admin
Admin

Posts : 22
Join date : 2012-11-21

https://sestosakas.board-directory.net

Back to top Go down

Podatoci za kompaniite koi kotiraat na berza Empty Komercijalna banka

Post  Admin Fri Nov 23, 2012 8:50 am

Корпоративни вредности

Корпоративните вредности ги одразуваат верувањата кои со нас ги делат сите поврзани страни – клиентите, вработените, акционерите, партнерите. Тоа се вредности кои ја отсликуваат нашата деловна култура и приоритетите утврдени со корпоративната мисија.

Традиција
Ние сме Банка која ги негува вредностите, ја поддржува стабилноста во секакви услови и која традиционално е прв избор на клиентите.

Ефикасност
Банка која навремено и ефикасно ги завршува преземените активности.

Доверба
Ја градиме довербата преку отворена комуникација со клиентите, почитување на нивната индивидуалност и понуда на сигурна и квалитетна услуга.

Транспарентност
Наша одговорност е навремено да обезбедиме разбирливи и веродостојни информации за резултатите од работењето, како и за останатите финансиски и нефинансиски прашања, достапни за заинтересираните клиенти, акционери, деловни партнери и целокупната јавност.

Иновативност
Со воведување на нови производи и услуги постојано го зголемуваме и подобруваме квалитетот понуден на нашите клиенти.

Општествена одговорност
Како општествено одговорна компанија секогаш работиме и ќе работиме во насока на подобрување на квалитетот на животот во општеството за сите негови членови.

Тимска работа
Споделуваме знаења и искуства со цел квалитетно да ги исполниме барањата на клиентите, а преку заедничко делување придонесуваме за развојот на Банката.

Admin
Admin

Posts : 22
Join date : 2012-11-21

https://sestosakas.board-directory.net

Back to top Go down

Podatoci za kompaniite koi kotiraat na berza Empty Re: Podatoci za kompaniite koi kotiraat na berza

Post  Sponsored content


Sponsored content


Back to top Go down

Back to top


 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum